Бизнисмените бараат да се тргнат бирократските пречки за да можат полесно да увезуваат работници од странство

Бизнисот бара да се тргнат бирократските пречки за да можат полесно да увезуваат работници од странство. Велат и глобалниот индекс на конкурентност покажува дека назадуваме кај работната сила и дека бизнисот нема стручен кадар за своите потреби, пренесува 24.мк.

Земјава е рангирана на 82-то место од 141 држава во светот во најновиот извештај за глобалниот индекс на конкурентноста на Светскиот економски форум. Од комората на Северозападна Македонија велат дека иако сме две места подобри од лани, сепак земјава тапка во место во клучни параметри. Остануваме слаби и кај параметрите за институциите, а назадуваме кај инфраструктурата посебно во делот на квалитетот на патиштата.

error: Content is protected !!