Бизнис Акцелераторот УКИМ домаќин на лабораторијата за иновации на Дојче Телеком од Германија

Бизнис Акцелераторот УКИМ ја зајакнува регионалната поврзаност со клучните актери од Европа и беше домаќин на Лабoраторијата за иновации на Дојче телеком од Германија (Т-лабс), во рамките на Глобалната недела на претприемништво во Македонија.

Во Центарот за трансфер на иновации и технологии – ИНОФЕИТ, денеска, г. Џон Калиан, раководител, преку презентација на услугите на Т-лабс, дискутираше со претставниците на телеком операторите, академската заедница и стартапите за предизвиците во телеком индустријата и за ефектите од соработката на овие сектори во креирање нови иновативни решенија за потребите на индустријата.

Џон Калиан го претстави концептот кој го применува Т-лабс, при што се опфаќаат најнови технологии, осознавање на проблемите заедно со клиентите, охрабрување на тимот да креира минимум вредни производи (MVPs) преку партнерство со деловните единици, со цел да се креираат идни приходи во Телеком индустријата.

Со оваа посета се идентификуваа можностите за примена на технолошки решенија кои ги развиваат стартапите не само во телеком индустријата во Македонија, а особено можностите за соработка со Т-лабс.

Александар Стамболиев, извршен директор на Акцелераторот УКИМ, истакна дека клучна активност на Бизнис Акцелераторот УКИМ е да им овозможи на македонските иноватори и стартапи пристап до: глобалното знаење, потенцијалните клиенти и неопходните инвестиции.

error: Content is protected !!