Странските компании бараат помали царини за увоз на суровини, но одговор од Владата не добиле

Застојот во евроинтеграциите ги помати плановите и на странските инвеститори во земјава.Тие очекуваа намалување на царините за увоз, но од Владата велат дека државава нема таква обврска се додека не стане членка на ЕУ.

Сепак, инвеститорите не се откажуваат.. вчера имале средба со премиерот Заев и економскиот тим во Владата, на која повторно го актуелизирале прашање, но конкретен одговор не добиле.

Странските инвеститори бараат намалување на царините, бидејќи скоро сите суровини за производството во нивните фабрики во Македонија се од странство.

Сметаат дека на овој начин производите ќе им бидат поконкурентни, особено на оние компании кои веќе не добиваат субвенции од државата.

Инвеститорите велат дека остануваат на ставот дека Македонија е земја со добра перспектива, а на нивните бизнис планови нема да влијаат ниту изборите, бидејќи стратегиите им се повеќегодишни.

error: Content is protected !!