Алармантни бројки: Македонија има поголем одлив на странски инвестиции отколку прилив

Капитал вреден околу 131 милион евра влегол во земјава во деветте месеци годинава. Толку изнесуваат странските директни инвестиции во трите квартала и ако се суди по оваа бројка годината ќе заврши многу полошо од минатата. Имено во 2018 година странските директни инвестиции во земјава беа 614 милиони евра, пишува Фактор.

Ако се анализираат податоците за овие девет месеци, лошиот резултат се должи на високата сума која е запишана на име повратно вложување. Имено, според статистиката на Народната банка од јануари до септември годинава по овој основ од Македонија се излеале над 262 милиони евра. Директните вложувања во земјава се помали односно изнесуваат 169 милиони евра, пишува Фактор.

Владата очекуваше годинава да има барем сличен прилив на странски инвестиции, особено што кога се правеа прогнозите имаше шанси земјава да добие датум за преговори со Европската Унија и годинава да стане членка на НАТО.

error: Content is protected !!