Пу пу не важи: Нема субвенции за замена на стари автомобили

Ништо од најавата на Министерство за економија дека ќе има субвениции од 2 до 3 илјади евра за сите кои ќе сакаат да ги заменат старите возила со нови. Ова беше мерка предвидена во новиот закон за возила, која во месец јули годинава беше изгласана во Собранието. Имплементацијата на оваа владина мерка требаше да стартува од 1 јануари 2020, а таа заврши уште пред да почне.

Средства за субвенции за купување возила што беше најавено за следната година, во буџетот не се предвидени. Работна група што била формирана и го разгледувала ова прашање одлучила средствата да се алоцираа таму каде ќе дадат најдобар ефект.

Ова го соопшти денеска министерката за финансии Нина Ангеловска, одговорајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата за проектот „Купи куќа, купи стан“, најавувајќи дека наскоро ќе биде соопштено повеќе за Законот за данок на моторни возила кој е усвоен од Владата и за други мерки што се во насока на намалување на aeрозагадувањето.

-Беше разговарано, и одлучено дека приоритет на Владата е средствата да бидат алоцирани онаму каде ќе дадат најдобри резултати. Таа мерка беше дeбатирана, имаше работна група што беше формирана и средствата се алоцирани за да го дадат најдобриот ефект, изјави министерката, додавајќи дека целта е средствата на граѓаните насочени преку кој било проект да го дадат најдобриот резултат.

error: Content is protected !!