Рекордно високо ниво на девизните резерви е благодарение на кредитот од 125 милиони евра од Светска банка

Состојбата на бруто девизните резерви на 31 декември 2019 година изнесува 3,26 милијарди евра, што во однос на крајот од третото тримесечје од минатата година претставува пораст од 135,1 милион евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Од Народна банка обајснуваат дека во октомври 2019 година, државата се задолжила кај Светската банка со заем за развојни политики за јавни финансии и конкурентност во износ од 125 милиони евра, што довело до пораст на резервите.

– Останатите текови имаа поумерено влијание врз промените кај девизните резерви во анализираниот период. Во четвртиот квартал од 2019 година, на девизниот пазар на банките е остварена нето-продажба на девизи од 83,8 милиони евра, што е повеќе за 61,8 милиони евра од истиот период од минатата година. Ваквата годишна промена се должи на повисокиот пораст на побарувачката во однос на растот на понудата на девизи“, информираат од Народната банка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!