Владата ќе потроши 43,9 милиони денари за субвенции на печатени медиуми

Владата усвои информација за реализација на Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми за 2019 година, информираат од владината прес служба.

– На повикот за финансиска поддршка за 2019 година пристигнаа вкупно 16 барања, од кои критериумите ги исполнија 12 медиуми на кои им распределени 43,9 милиони денари од предвидените 50 колку што беа предвидени и во Буџетот за 2018 година”, се вели во соопштението на Владата.

Оваа мерка е класичен приимер за нарушување на слободниот пазар. Со оваа мерка се фаворизираат печатените медиуми на сметка на останатите медиуми, со пари на даночните обврзници. На слободен пазар е нормално тој што е добар да опстане и да се развие, а тој што лошо работи да пропадне.

error: Content is protected !!