Германците почнуваат масовно парите од депозити да ги префрлаат во сефови!

Поради воведувањето на негативни каматни стапки германските банки беа присилени да почнат да ги полнат своите сефови со многу пари, и сега се стигнати до таму да бараат нови сефови, пишува Bloomberg.

Во декември во германските банки физички беа сместени рекордни 43,4 милијарди евра, што е три пати повеќе отколку во мај 2014. Во јуни 2014 Европската централна банка одлучи да почне да наплаќа за чување депозити.

Минатата година како што глобалната економија почна да покажува знаци на успорување заради меѓународните трговски недоразбирања (САД и Кина), Европската централна банка одлучи дополнително во минус да ги турка каматните стапки во евро зоната, со што за компаниите и поединците стана поевтино да позајмуваат пари. Негативните каматни стапки се проблем за германските банки бидејќи тие значително зависат од каматите што ги наплаќаат од позајмиците додека во исто време располагаат со многу голема маса на штедни влогови.

„Деновиве повеќе се исплати фондовите да ги чуваш во готовина отколку да ги чуваш во ЕЦБ. И тоа важи и покрај ризикот, трошоците за осигурување и логистичкото малтретирање. Ова е смешна демонстрација на последиците од каматната политика на ЕЦБ,“ изјавува за Блумберг, Андреас Шулц, кој раководи со банка во близина на Берлин.

На терен исходот од сето ова е банки со преполни сефови со евра, кои бараат помош од други компании од други дејности, да им отстапат простор во нивните сефови за да ги сместат парите. На нивно разочарување и тие немаат место за издавање.

Доколку нешто не се промени, аналитичарите очекуваат дека во скоро време ќе почне бумот за производителите на сефови и компаниите за обезбедување.

Негативните каматни стапки ги присилуваат позајмувачите да ги задржуваат парите во готовина.

error: Content is protected !!