Во шест земји од ЕУ платите се пониски отколку пред 10 години

Хрватска е една од шесте земји од ЕУ во која работниците во просек се платени помалку отколку пред десет години, покажуваат објавените резултати на Институтот на европски синдикати.

Во период од 2010 до 2019 година во Хрватска просечните плати прилагодени на инфлацијата, вклучително и придонесите за социјално осигурување и додатоците на плата, е намален за 5%.

Новите резултати на Институтот покажуваат дека просечните плати се намалени во Италија, за 2%, Шпанија и Португалија, по 4%, на Кипар за 7′, како и во Грција, за 15%.

Дополнително е соопштено дека просечните плати во истиот период речиси стагнирале или пораснале за 0,1% во Финска и по 1,5% во Белгија и Холандија.

– Работниците во шест земји од ЕУ се во полоша состојба отколку пред 10 години. Челниците на ЕУ сакаат да зборуваат за таканаречена обнова, но за милиони работници во многу земји од ЕУ кризата не е завршена, рече заменичката на генералниот секретар на Европската конфедерација на синдикати Естхер Линч.

error: Content is protected !!