Македонците јадат поскапо месо од Германците

Во поголемите маркети може да се забележи зголемување на цената на месото, а само за споредба, еден килограм пилешки батаци кај нас е околу 170 денари, додека во Германија тие чинат само 2 евра (120 денари), пишува „Слободен печат“.

„Слободен печат“ ги посети поголемите маркети со цел да дознае дали навистина цената на месото е зголемена.

Исто така забележавме дека цената за еден килограм телешки бут била 650, а сега е 730 денари. Јунешко претходно се продавало под 380 до 450 денари, а сега е над 450 денари. Зголемување има и на цената пилешкиот стек кој е речиси 400 денари, а истото можеше да се забележи и кај свинското месо.

– Причини за покачување има повеќе, но основна е пазарната ситуација кај нас, во поблискиот регион и на глобалниот пазар, каде цените се зголемени за 3 пати како резултат на болеста „свинска чума“, која предизвика нарушување на светскиот пазар на месо – велат од Групацијатa на производителите и преработувачи на месо

Целиот текст на „Слободен печат“ можете да го прочитате ТУКА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!