Во четвртиот квартал лани за 50% е зголемен превозот на стока со железницата

– Во четвртото тримесечје од 2019 година, во споредба со истиот квартал од 2018 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 19,3 проценти, во железничкиот превоз е зголеменo за 50 проценти, а во воздухопловниот превоз е намаленo за 10,1 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во четвртиот квартал од минатата година, во патниот патнички превоз бројот на превезени патници изнесува 1 605 000, во градско-приградскиот 19 191 000, во железничкиот 148 000, а во воздухопловниот превоз 623 546

error: Content is protected !!