Поради коронавирусот цената на нафтата во САД е на најниско ниво за изминатите 12 месеци

Цената на нафтата во САД е на најниско ниво за изминатите 12 месеци поради ширењето на коронавирусот, што влијае врз светската економија.

Еден барел американска лесна нафта се продава за 48,88 долари, што е најниска цена од јануари 2019 година. Цената на нафтата се намали за 1,3 отсто и за 10 проценти во минатата недела.

Барел „Брент“ се продава за 1,5 отсто поевтино, денеска достигна цена од 54,11 долари, најниско ниво за изминатите две недели.

Цената на американската нафта се намали откако Сан Франциско прогласи вонредна состојба поради коронавирусот, а се зголеми и бројот на заразени во Јужна Кореја, Италија и Иран.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!