Во Кина двојно се зголемуваат бонусите за работниците да дојдат на работа

Поради страв од ширење на коронавирусот, многу кинески компании гo прекинаa работењето

Но, некои компании им нудат на своите работници разни стимулации за да ги мотивираат да се вратат на работа.

Компанијата Foxconn понуди бесплатен превоз со автобус, храна и сместување за работниците, а секој ден извршуваат детални процедури за дезинфекција во своите објекти.

Foxconn, исто така, го зголеми дополнителниот бонус од претходните 3.000 јуани (426 долари) на 5.000-7.000 за повратниците и новите работници за да ги ублажат недостатоците на работна сила што е можно побрзо.

Според, DigiTimes многу други тајвански производители со седиште во Кина исто така преземаат слични мерки за стимулирање за враќање или вработување на нови работници.

Foxconn Technology Group е една од најважните во ланецот за производство на iPhone, а има погони во Виетнам, Мексико и Индија кои работат со целосен капацитет.

error: Content is protected !!