Министерот Колемишевски: Со СДСМ на власт просечна плата ќе биде 600 евра

Кирил Колемишевски претседател на Комисијата за економија на СДСМ и заменик министер за економија во интервју за Фактор, ветува просечна плата од 600 евра.

-Во скратениот мандат од две и пол години, ја зголемивме минималната плата од 9.000 на 14.500 денари и сме на прагот од ветените 16.000 денари кои ќе ги остваревме доколку имавме цел мандат. Но затоа, по изборите на 12 април продолжуваме со истиот тренд и во новиот мандат ќе ги надминеме и тие 16.000 денари. Нашата цел е минималната плата до крајот на 2024 година да изнесува минимум 18.000 денари. Со разумно и одговорно работење, оваа цел е реална и остварлива.

Просечната плата порасна за 4.000 денари за само две години и изнесува 26.836 денари во декември 2019 година. Ветените 30.000 денари просечна плата ќе ги реализираме наскоро, како резултат на сите мерки и политики кои ги преземаме во економијата.

Но, оваа бројка ќе биде само попатна станица до висината на просечната плата од 36.000 денари која ќе биде реалност на крајот од четиригодишниот мандат. Растот на платите кој следува ќе биде уште побрз и посилен, како што всушност и ќе расте економијата, вели Колемишевски за Фактор.

error: Content is protected !!