Еве кои се тројцата македонски банкари кои во 2019 година заработија 876.000 евра

„Комерцијална банка“ ја има својата најуспешна деловна година позади себе, во која профитот е најголем во историјата на банката и изнесува 29,4 милиони евра, и предлог е исплата на бруто дивиденда од 550 денари.

Комерцијална банка во текот на минатата година на тројца членови на Управниот одбор им исплатила вкупно 53,9 милиони денари (876.000 евра) по основ на плати, плата од деловна успешност, регрес, новогодишен надоместок, менаџерско осигурување, стручно усовршување и систематски прегледи, соопшти банката во годишниот извештај за работењето објавен преку Македонската берза.

Од вкупната сума 36,1 милиони денари претставуваат фиксен и 17,8 милиони денари претставуваат варијабилен надоместок согласно политиката за наградување.

Управниот одбор на Банката го сочинуваат Хари Костов, главен извршен директор и претседател на Управниот одбор, Илија Илоски, главен оперативен директор и член на Управниот одбор, и Маја Стевкова Штериева, главен финансов директор и член на Управниот одбор.

error: Content is protected !!