Во Романија вработените во IT индустријата се ослободени од данок на доход

Во Романија вработените во ИТ индустријата имаат 0% персонален данок, мерката е воведена за да се поттикне ИТ индустријата и засега дава добри резултати.

ИТ секторот во Романија се проценува дека годинава ќе генерира 5,9 милијарди евра приходи, од кои 4,9 милијарди евра ќе бидат во индустријата за софтвер и услуги.

Според најновите проценки ИТ секторот до 2025 година ќе го зголеми двојно уделот, од сегашните 6% на 12% во романскиот БДП.

Интересен податок за Романија е дека уделот на романскиот ИТ сектор во БДП е исто колку и учеството на земјоделието, кое го создава со десет пати помалку вработени.

error: Content is protected !!