Горивата од полноќ драстично поевтинуваат

Ново големо намалување на малопродажните цени на горивото, во просек за 9,18 проценти, изврши денеска Регулаторна комисија за енергетика.

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се намалува за 5,00 денари/литар и ќе изнесува 49,50 ден/лит. Кај малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 се бележи намалување за 4,50 денари/литар и со тоа неговата цена ќе изнесува 52,00 ден/лит.

Цените на Еуродизел и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 3,00 денари/литар, и ќе изнесуваат 45,50 ден/лит, односно, 34,50 денари за литар.

–Нарушениот баланс на понудата и побарувачката поради пандемијата со Ковит 19 донесе силни намалувања на цените и кај нас.

Сериозно ќе ги разгледаме можностите за одговорност на лицата кои од позиции во институциите шират шпекулации на цените на нафтените деривати пред официјално да се објават. Секоја шпекулација може да се одрази врз економските текови кои се хипер сензитивни во овој период, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски.

error: Content is protected !!