За да нема отпуштања, хотелиерите бараат 100% ослободување од давачките

Хотелските капацитети и во Охрид и Струга се празни. Некои затворија, а други функционираат со мал капацитет, иако во мај се очекуваше да пристигнат првите групи со туристи од Холандија, Белгија и Полска.

„Загубите се огромни и ќе бидат од ден на ден големи и незнаеме како ќе се движат понатаму.Еве го мај, за еден месец ќе дојде.Јас мислам и според сите проценки кои ги добиваме, во следниот месец, ние ќе го добиеме тој пик на овој вирус и потоа ќе ни треба уште еден месец опоравување од тој вирус.Јас се надевам ние да почнеме крајот на мај, почетокот на јуни“, рече Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ.

Хотелиерите бараат владата да излезе со посериозни сет мерки. Бараат наместо 50% ослободување од давачките кон државата,истите да бидат 100% за да можат да поделат плати и да се блокираат сите давачки кон банките најмалку до септември. Велат дека не ја исклучуваат можноста за отпуштања од работа, на дел од персоналот.

error: Content is protected !!