Државно VS Приватно: Државата тестирањето за коронавирус го плаќа четири пати поскапо од приватните болници

Речиси 5.000 денари за еден тест за коронавирус се наплатува од страна на државата, односно од Буџетот на РСМ за тестирање на граѓаните од Ковид – 19, реагираат граѓани кои ги добиле тестовите за коронавирус, пишува A1.on.mk.

Тие од свој џеб не плаќаат ништо, но ова е цената што јавно ја објавија и на социјалните мрежи оние што ги добиле резултатите од тестовите преку Центарот за јавно здравје.

Според ова, произлегува дека тестовите за коронавирус во државната лабораторија на Центарот за јавно здравје се речиси трипати поскапи од тестовите во Клиниката „Жан Митрев“ (1.500 денари) и четирипати поскапи од тестовите во клиничката болница „Аџибадем Систина“ (1.200 денари) пишува А1.on.mk.

Разликата е во тоа што во приватните клиники пациентите плаќаат од свој џеб, а во државната лабораторија тестот за осигурениците е бесплатен, но Министерството за здравство, според документите постирани јавно на социјалните мрежи, за направени тестови му фактурира на Фондот за здравствено осигурување по 4.950 денари.

Целиот текст на А1.on можете да го прочитате ТУКА.

error: Content is protected !!