Еве кои компании нема да плаќаат персоналец и данок на добивка

Компаниите кои остваруваат доход од самостојна дејност, а кои претрпеле штети во своето работење поради ширење на коронавирусот, ковид-19, нема да плаќаат данок на личен доход, односно персоналец за март, април и мај . Аконтации за данокот на добивка за тие месеци нема да плаќаат и сите компании што се во секторите кои се најпогодени од оваа криза. Ова се новите уредби кои се однесуваат на даночни измени од последната владина седница.

Право на намалување на износот на аконтациите на данокот на личен доход ќе имаат угостителите, фирмите за организирање и послужување храна, но и туристички агенции, транспортните фирми. Сите ќе бидат ослободени од оваа давачка, а единствен услов е да не го намалат бројот на вработени. Освен за овие фирми мерката ќе биде со важност и за други сектори кои не се набројани но за кои ќе се утврди дека имаат претрпено штети во своето работење.

За да ја имаат поволноста треба да имаат намалени приходи од најмалку 40 отсто во тековниот месец во однос на месец февруари 2020 година или намалувањето на вкупните приходи за 2020 година изнесува повеќе од 40 отсто во однос на истиот период претходната година. Ослободување следува и ако даночниот обврзник затвори најмалку половина од продажните места преку кои го остварува прометот (подружници, продажни објекти).

Ослободување од аконтациите на данок на добивка ќе имаат истите компании, односно најпогодените сектори. Треба да не носат одлуки за исплата на дивиденди и други награди и бонуси и да не го намалуваат бројот на вработени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!