Компаниите во Македонија ќе може да доставуваат фактури и по електронски пат

Денес со донесена уредба од страна на Владата на Република Македонија, а во насока на превенција од Corona-19, се овозможува секоја фирма да издава фактури во електронска форма, ПДФ, без разлика дали е потпишана со дигитален сертификат или не, до своите клиенти.

На овој начин, компаниите ќе се ослободат од потребата за печатење и достава на фактури во услови на намалени ресурси и дополнително ќе се стимулира промена на навиките за во иднина.

Опцијата за печатена фактура за оние граѓани и фирми кои го преферираат тоа и понатаму е отворена.

Доколку компанијата поседува email или контакт телефон од купувачот ќе може да почне да му ги испраќа фактурите по електронски пат. Доколку не поседува ќе продолжи да ги испраќа во печатена форма по пошта на тие приматели.

Примачот на фактурата, доколку не сака да добива сметка/фактура по електронски пат во рок од 10 дена од приемот ќе може да информира дека претпочита хартиена форма. Доколку не одговори ќе се смета дека се согласил.

Фактурата во електронска форма ќе мора да ги содржи сите елементи за цели на ДДВ.

error: Content is protected !!