По Германија сега и Франција е подготвена да национализира компании
Откако германскиот министер за економија, Питер Алтмајер во март истакна дека национализацијата може да биде една од опциите за поддршка на стратешки важните компании во Германија, а како причина ја наведуваше епидемијата на коронавирус, што предизвика побарувачката да падне и да се прекинат глобалните синџири на снабдување.
Францускиот министер за економија Бруно Ле Маир, пред неколку дена најави дека Франција ќе ги национализира стратешките компании, доколку е потребно, за да ги заштити од последиците од коронакризата.
„Ќе бидеме подготвени да ги искористиме сите расположиви средства за да ги заштитиме тие компании, дали со зголемување на сопственоста на француската држава, дали со докапитализација, дали со крајната опција – национализација“, изјави Ле Маир.
Францускиот министер за економија тогаш изјави дека му испратил на претседателот Емануел Макрон список на „стратешки компании кои на пазарот би можеле да се најдат во опасност“.
„Доколку се појави потреба за национализација, таа ќе биде привремена. Но, државата е одговорна за заштита на водечките индустриски компании“, објасни Ле Маир.
