Рекордни 22 милиони Американци поднеле барање за надомест за невработеност

Рекордни 22 милиони американски граѓани поднеле барање за надомест за невработеност, во текот на изминатиот месец, по падот на американската економија предизвикана од епидемијата со коронавирусот.

Податоците од Министерството за труд покажуваат рекорден пад на продажбата на мало во март и најголемиот пад на индустриското производство од 1946 година наваму.

Економистите сметаат дека економијата е веќе во рецесија, а падот во првиот квартал е најголем пад од Втората светска војна.

Економистите проценуваат дека падот на економијата во првиот квартал ќе изнесува 10,8%, што би претставувал најголем пад на БДП од 1947 година.

error: Content is protected !!