Секој граѓанин во Јапонија ќе добие 854 евра финансиска помош

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе најави дека секој граѓанин на земјата ќе добие еднократна парична помош од 854 евра, без оглед на нивната имотна состојба.

Тоа, како што објасни Абе, е дел од мерките за заживување на економијата, која е во опаѓање поради ширењето на корона вирусот.

Се проценува дека државните каса ова ќе ја чини повеќе од 12.000 милијарди јени (1 евро се разменува за 117,01 јени).

error: Content is protected !!