S&P Global предвидува пад на светската економија за 2,4%
Агенцијата за кредитен рејтинг „S&P Global” денеска ја намали проекцијата на глобален раст поради пандемијата со новиот коронавирус.
Во соопштението на агенцијата се наведува дека според најновите податоци за економското влијание на мерките преземени за сузбивање на ширење на вирусот Ковид-19 премина од ниво „лошо“ на „полошо“.
– Сега проценуваме дека годинава глобалниот бруто домашниот производ ќе се намали за 2,4%, а во САД и еврозоната падот ќе изнесува 5,2 односно 7,3%, респективно. Очекуваме глобалниот раст во 2021 година ќе биде 5,9 отсто, истакнува „S&P Global”.

