Падот на извозот во Германија е најголем во последните 30 години!

Германскиот завод за статистика, Дестатис соопшти дека падот на извозот во Германија во март оваа година, е најголем од обединувањето во 1990 година, кога почнале да водат евиденција.

Според најновите податоци од заводот за статистика во Германија, извозот од најголемата економска земја, во март опаднал за 11.8 проценти на месечно ниво.

Остриот пад на извозот во Германија следеше по три последователни месеци на раст и е резултат на падот на глобалната трговија поради ширење на пандемијата на новиот коронавирус.

Во февруари извозот се зголеми за 1.2 отсто, во споредба со минатите месеци, покажуваат податоците на Дестатис.

Германските аналитичари предвидуваа пад од околу пет проценти во март .

Увозот има пад од 5.1 процени во март во однос на февруари, кога падна за 1.5 отсто, додека аналитичарите очекуваа пад од 4 проценти.

На годишно ниво, извозот опадна за дури 7.9 проценти, погоден од намалување на побарувачката од најголемите германски трговски партнери во еврозоната за дури 14 отсто.

Во такви околности, трговскиот суфицит во германскиот трговски биланс во март опадна за 22 проценти на 17.4 милијарди евра, додека во февруари изнесуваше 20.6 милијарди евра.

error: Content is protected !!