Маск збесна: Фабриката на Тесла од Калифорнија ќе ја преселам во Тексас!

Главниот извршен директор на Тесла, Елон Маск изјави дека ќе го пресели седиштето на компанијата и производство надвор од Калифорнија во Тексас и Невада и тоа „веднаш“, еден ден откако округот Аламеда го предупреди дека не може повторно да ја отвори својата фабрика и покрај државните насоки од централната власт дека производството може да продолжи.

Примарниот производствен погон на Тесла се наоѓа во тој округ и официјалните лица велат дека фабриката може да се отвори најрано на 1-ви јуни.

„Искрено, ова е последната капка. Сега Тесла веднаш ќе ги премести своите централи и идните програми во Тексас / Невада. Ако воопшто ја задржиме производствената активност на Фремонт, ќе зависи од тоа како ќе се третира Тесла во иднина. Тесла е последниот производител на автомобили што остана во Калифорнија, објасни Маск.

„Тесла поднесе тужба против округот Аламеда. Неизбраниот и неписмен привремен здравствен службеник“ на Аламеда делува спротивно од гувернерот, претседателот, нашите уставни слободи и едноставно разумот “ изјави Маск.

Претходно оваа недела, гувернерот на Калифорнија, дозволи да се отворат индустриите со помал ризик, вклучително и производство и логистиката што е поврзана со производството.

Директорката на човечки ресурси на Тесла, Валери Ворман, изјави дека компанијата ќе ги ограничи смените во фабриката во Фремонт на само 30%.

„Ние имаме за цел да го започнеме производството во Фремонт утре попладне“, напиша Муск во e-mail-от до своите вработените оваа недела. „Јас ќе бидам лично на производствената линија, помагајќи каде можам. Меѓутоа, ако се чувствувате непријатно да се вратите на работа во ова време, Ве молиме, не чувствувајте обврска да го сторите тоа “.

Меѓутоа, округот Аламеда не го дозволи овој потег, и ги продолжи своите мерки за домашна самоизолација до 31 мај 2020 година.

Ерика Пан, од здравствена канцеларија од одделот за јавно здравје на округот Аламеда, изјави дека компанијата не може повторно да се отвори.

Затворањето на фабриката кое трае седум недели во Фремонт доведе до намалување на платите на сите вработени во „Тесла“ за месец април, a илјадници работници беа прогласени за техношки вишок и останаа без работа.

error: Content is protected !!