Грижа или предизборна кампања? Владата размислува да дава по 10.000 денари за трошење на одредени категории

Владата во следниот сет на економски мерки размислува директно да вбризгува готови средства кај граѓаните, односно домаќинствата со цел да се зголеми јавната и личната потрошувачка, пренесува ТВ 24.

Една од варијантите е пари да добиваат граѓаните на своите сметки за да ја зголемат личната потрошувачка која поради корона кризата и стравот од неизвеснота се очекува значително да се намали.

ТВ 24 дознава дека се разгледуваат повеќе варијанти, а за оваа мерка се планираат околу 70 милиони евра. Социјалните случаи, невработените, младите, а посебно студентите да добијат еднократна парична помош, која според некои проценки може да стигне и до 10 илјади денари.

Парите ќе треба да се потрошот во одредени категории. На пример студентите би добиле еднократна стипендија за да купат ИТ опрема. Секако за да не отидат парите и кај богатите, ќе има механизми за филтрирање според имотната состојба, пишува ТВ 24.

error: Content is protected !!