Антикризни мерки или предизборна кампања? Владата на 120.000 невработени ќе им даде платежни картички вредни 18 милиони евра!

Според информаците на Фактор планирана е поддршка за невработените лица, односно 120.000 лица кои исполнуваат специфични услови ќе добијат платежни картички а за сите нив Владата ќе потроши 18 милиони евра. Во оваа група влегуваат граѓани кои се невработени и бараат работа, а месечниот приход по други основи не надминува 15.000 денари, објавува Фактор.

Картичките ќе бидат брендирани и ќе можат да се користат во маркети, угостителски објекти, фризерници. Со ова Владата планира да ја стимулира домашната потрошувача, објавува Фактор.

Планирано е да се даваат и ваучери за туризам од 100 евра плус домашна картичка од 50 евра. Овие ваучери исто така ќе ги користат 120.000 луѓе и Владата ќе ја чини 18 милиони евра. Корисници ќе можат да бидат сите вработени што примаат плата под 16.000 денари.

Според информациите на Фактор, во третиот пакет мерки ќе има ваучери за студенти и средношколци од 100 евра плус домашна платежна картичка од 50 евра. Ќе ги користат 100.000 студенти и редношколци а Владата ќе ја чини 12 милиони евра. Парите треба да се искористат за партиципации и за обуки.

Целиот текст на Фактор можете да го прочитате ТУКА.

error: Content is protected !!