Со ребалансот е зголемен буџетот од 3,9 на рекордни 3,95 милијарди евра, a капиталните расходи ќе се кратат

Владата со новиот ребаланс ќе го зголеми буџетот од 3,9 милијарди евра на 3,95 милијарди, односно ќе си додаде уште 54 милиони евра за трошење. Па така Македонија го доби најголемиот рекорден буџет, во време кога приватниот сектор колабира.

Според министерската Нина Ангеловска ќе бидат намалени приходите во буџетот за 11,5% или за 415 милиони евра а се планира да се соберат вкупно 3,2 милијарди евра.

И ако со првичниот буџет требаше да фалат 280 милиони евра, сега со ребалансот, сумата која ќе недостасува ќе се искачи на 750 милиони евра или 6,8% од БДП.

Се ќе се финансира со еврообврзница и кредити од дома и странство. А се очекува јавниот долг на земјава да се искачи на околу 58-60 проценти од БДП.

Ангеловска зголемувањето на расходите го правдаше со тоа што не знаела друга земја која кратела расходи за време на криза.

Со ребалансот останува проекцијата дека македонскиот БДП годинава ќе доживее пад за 3,4%.

Се кратат и капиталните расходи за 68 милиони евра, па годинава се препроектирани на 317 милиони евра. Платите на јавната администрација остана исти, за нив нема криза.

error: Content is protected !!