Финансиска поддршка од македонската Влада бараат странските инвеститори

Директна финансиска поддршка на големите извозни компании и неповратна помош односно грантови, бараат странските инвеститори во земјава од Владава.

Странските инвеститори тврдат дека се значајно погодени од кризата, а помошта им треба поради тоа што имаат значаен придонес за домашната економија односно годишни приходи од 2,9 милијарди евра и вработуваат околу 28.000 луѓе. Освен паричната помош, бараат и мораториум за обврските кои ги имаат кон државата, но и усогласување на царинските стапки.

Овие компании го даваат примерот на субвенции на платите на вработените во големите фирми во Полска каде 40% од трошоците се покриваат од државата, а 60% од самата компанија. Во Германија соодносот е 60% од државата, 40% од самите компании.

„По примерот на други земји да се примени модел на кофинаснирање на дел од трошоците за платите за вработените во големите индустриски извозници, односно неповратни 50% од вкупните бруто трошоци за плати на вработени. Максималниот износ за финасиска поддршка се лимитира на 50.000 денари по вработени. Мерката да трае до септември. Пресметките за субвенционирање да се вршат месечно, а исплатата кон корисниците да се реализира одложено т.е. најдоцна до крајот на 2020 или до јуни 2021 година согласно буџетските можности, се нивните конкретни предлози.

Бараат мерките да продолжат и после месец мај и да важат и за поголемите компании кои вработуваат над 250 лица. Предлагаат и поврат на дел од бруто трошоците за плати на вработени кои отсуствувале од работа во периодот март-мај поради донесените маерки и препораки на Владата без разлика дали за тие вработени се користи Уредбата за поддршка на минимална плата.

Од Асоцијацијата бараат и мораториум односно одложување на обврските на инвеститорите кои произлегуваат од договорите за доделување државна помош склучени во согласност со законите кои се однесуваат на помошта и тоа во рок од шест месеци.

„Образложението за оваа мерка не е да ги намали обврските на странските инвеститори кон државата, туку да овозможи во овој период полесно премостување на кризата. Плановите за нови инвестиции, креирање на нови работни и задржување на истите во овој период ќе бидат сведени на минимум заради справување со здравствената и економската криза, но истото ќе продолжи после предложениот рок, стои во барањата.

Странските инвеститори сметаат дека е потребно итно и неодложно целосно одложување на царинските стапки на одделни производи односно компоненти потребни за производство на технолошки напредни производи со соодветните стапки во Европската Унија согласно Одлуката за намалување на увозните давачки- царинските стапки на оддлени компоненти. Барањето е за да се зголеми конкурентноста на нашите компании.

Впрочем со оваа одлука која е со важност од 30 јуни годинава беа намалени стапките на 12 производи за 50%.

„Како држава имаме поголеми царини за увозот на многу компоненти што се потребни за производство на технолошки напредни производи од оние кои се применуваат за увоз од трети земји во ЕУ. Ова ја прави земјата неконкурентна како локација за инвестиции за другите земји членки од ЕУ и земјите од регионот и дополнително ги прави неконкурентни македонските производи во споредба со земјите членки на ЕУ.

error: Content is protected !!