Македонија оваа година ќе се задолжи за 1,75 милијарди евра

За годинава со ребалансот на Буџетот е планирано задолжување за речиси 1,75 милијарди евра. Над 1,25 милијарди се заеми од странство, дел е еврообврзницата од 800 милони евра, а вкупното задолжување од надвор е дуплирано во однос на првичниот план.

Дома ќе се задолжиме за 490 милиони евра. За отплата на стари заеми ќе се потрошат 685 милиони евра. Министерството за финанси ги објави бројките од ребалансот.

Најголемите забелешки од експертите се дека Владата и во услови на корона криза и намалени приходи,не се откажа од непродуктивните трошења. А дури 65 проценти од скратените расходи се од капиталните проекти.

Од ставката стоки и услуги која е најспорна за експертите за која беа планирани 821 милион евра, со ребалансот е планирано да се потрошат 795 милиони или само 26 милиони евра помалку.

error: Content is protected !!