Мартенс: Зголемувањето на платите во Македонија е можно само со паралелно зголемување на продуктивноста

Директор на Делегацијата на германското стопанство во Македонија, Патрик Мартенс во денешното обраќање истакна дека зголемувањето на платите треба да биде во кореалција со порастот на продуктивноста.

„Владата Република на Македонија очекува оваа година пад на бруто домашниот производ за 3,4%. Пандемијата најтешко го погоди туризмот. Туризмот во месеците февруари и март трпи загуби во висина од 80 отсто“, вели Мартенс.

Во однос на зголемувањето на платите, Мартенс вели дека треба да се внимава на нивното влијание врз продуктивноста и конкурентноста.

„Во првите месеци од оваа година просечната плата во Македонија се зголеми за 12,4 отсто, поточно просечна бруто плата во моментов изнесува 660 евра. Со зголемувањето на платите пред почетокот на пандемијата, конкурентноста станува се поголем предизвик затоа што зголемувањето на платите е можно само со паралелно зголемување на продуктивноста.

Зголемувањето на продуктивноста е ставена под прашање особено кога се работи за трудоинтензивни индустриски процеси. Во иднина зголемувањето на автоматизацијата ќе отвори и работни места со високи плати за високо квалификувани технички професии. Нашата програма за дуално стручно образование дава посебен придонес во ова поле“, вели тој.

Според Мартенс во своето денешно обраќање се осврнува и на јавниот повик за утврдување на состојбата на стратешкиот инвестициски проект според Законот за стратегиски инвестиции.

Според Мартенс, со вакви чекори владата стимулира нови инвестиции кои ќе значат во реорганизација на глобалните синџири на снабдување.

– Според владините критериуми, стратешките инвестициски проекти се инвестиции од најмалку 100 милиони евра на територии на најмалку две општини. Поточно инвестиции од најмалку 50 милиони евра во урбани општини и инвестициски проекти од најмалку 30 милиони евра во рурални општини – информира тој.

error: Content is protected !!