Македонија за три дена се задолжи за 860 милиони евра

Македонија се задолжи кај Европската Унија – на земјава и се одобрени 160 милиони евра, а парите се за справување со економските последици од Ковид-19.

Станува збор за пари кои се одобрени преку инструментот за Макро–финансиска поддршка за справување со последиците предизвикани од КОВИД-19 пандемијата за време на вонредна состојба.

За потсетување Македонија пред три дена ја издаде седмата еврообврзница и се задолжи за 700 милиони евра.

Рочноста на таа еврообврзницата е шест години, додека каматната стапка по која е издадена изнесува 3.675%.

error: Content is protected !!