Пад на преработувачката индустрија од 40% за месец април

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во април 2020 година, во однос на април 2019 година, изнесува 66.5.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април 2020 година, во однос на април 2019 година, бележи опаѓање од 17.0 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 40.5 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1.1 %.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во април 2020 година, во однос на април 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 8.4 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 22.0 %, Капитални производи за 70.8 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 48.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 28.5 %. Индексот на индустриското производство во периодот јануари ‒ април 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ април 2019 година, изнесува 88.8.

error: Content is protected !!