Прометот во индустријата во април во Македонија е намален за 50,8%

Прометот во индустријата, според објавените податоци на Државниот завод за статистика, во април годинава во однос на истиот месец лани забележал пад од 50,8 отсто.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во април 2020 година, во однос на април 2019 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 23,8 отсто, Капитални производи за 80,2 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 42,5 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 29,2 отсто.

Прометот во индустријата, во април 2020 година, во однос на март 2020 година, бележи пад од 40,9 отсто, додека во периодот јануари – април 2020 година, во однос на периодот јануари – април 2019 година, пад од од 15,2 отсто.

На домашниот пазар падот на прометот на домашниот пазар е 17,6 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во април 2020 година, во однос на април 2019 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9,2 отсто, Капитални производи за 24,3 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 43,1 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 20,6 отсто.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во април 2020 година, во однос на март 2020 година, има пад од 16,8 отсто, додека во периодот јануари – април 2020 година, во однос на периодот јануари – април 2019 година, 2,3 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата на странските пазари, во април 2020 година, во однос на април 2019 година, има пад од 61 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во април 2020 година, во однос на април 2019 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 28,9 отсто, Капитални производи за 82 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 45 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 35,2 отсто.

Прометот во индустријата на странските пазари, во април 2020 година, во однос на март 2020 година, има пад од 50,3 отсто, додека во периодот јануари – април 2020 година, во однос на периодот јануари – април 2019 година, пад од 18,8 отсто.

error: Content is protected !!