Преку МојДДВ на граѓаните за 9 месеци вратени се само 10,7 милиони евра

– Преку мерката МојДДВ која стартуваше во јули минатата година до март годинава на граѓаните им е извршен поврат на ДДВ од 10,7 милиони евра.

-Од лансирањето на МојДДВ во јули 2019 година до март 2020 година, односно за девет месеци на граѓаните им е извршен поврат на ДДВ од 10,7 милиони евра, од кои повеќе од половина е поврат извршен за периодот јануари-март 2020 година, напиша министерката за финансии Нина Ангеловска на својот ФБ профил.

Според ДИК во Македонија 1,8 милиони жители имале право на глас на локалните избори во 2017 година. Значи официјално во Македонија имаме 1,8 милиони полнолетни жители.

Ако ги поделиме овие 10,7 милиони евра од МОЈДДВ на 1,8 милиони полнолетни жители во Македонија, тоа изнесува 5,94 евра (365 денари) за 9 месеци или 40 денари секој месец.

Според Ангеловска бројот на граѓани кои скенираат сметки се зголемува, односно за третиот квартал од 2019 поврат добиле 155.664 граѓани, во четвртиот 188.135 граѓани и во првиот квартал годинава 232.716 граѓани.
Тоа значи дека од 1,8 милиони полнолетни жители само 232.716 граѓани скенираат сметки.

Во просек тие 232.716 граѓани кои скенирале сметки повратиле 45 евра за 9 месеци односно 2827 денари или по 314 денари месечно.

error: Content is protected !!