Чуден податок: Oгласени се речиси 8.000 слободни места од страна на 1.090 работодавачи

И во услови на криза предизвикана од КОВИД 19 продолжува побарувачката за работници од страна на работодавачите, истакна директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска при денешната посета на Центарот за вработување во Берово.

– Во моментот огласени се речиси 8.000 слободни места од страна на 1.090 работодавачи од различни дејности, за потреба од работници од различни занимања меѓу кои продавачи, шивачи, келнери, администратори, градежни работници, готвачи, армирачи, обезбедувачи на имот на лица и слично, истакна Јовановска.

Инаку околу 7.000 граѓани досега, поради корона кризата, пријавиле дека ги загубиле своите работни места со спогодбен отказ или изјава, изјави денеска Мила Царовска.

error: Content is protected !!