Германија во сред економска криза одлучи да ја зголеми минималната плата

Минималната плата во Германија треба да се зголеми за скоро 12% и да достигне 10,45 евра на час од сегашните 9,35 евра до средината на 2022 година, јавува Дојче Веле. И покрај пандемијата „Ковид-19“, минималната плата „не смее да заостанува“, рече еден од министрите во владата.

Зголемувањето на минималната плата ќе се спроведе во неколку фази, при што првиот скок ќе биде на почетокот на следната година, на 9,50 евра на час, потоа во средината на годината на 9,60 евра, по што следува зголемување на почетокот на 2022 година на 9,82 евра. и конечно до 10,45 евра во средината на таа година.

Преговорите за зголемување на минималната плата беа делумно напнати, бидејќи членовите на надлежната државна комисија беа во судир околу висината на зголемувањето, рече првиот човек на таа комисија, Јан Зилиус.

Сепак, откако разговорите беа продолжени и прес-конференцијата беше откажана во последен момент, претставниците на работодавците и синдикатите постигнаа едногласен договор за тоа прашање, кој ќе биде доставен до владата за усвојување, според информациите.

Германскиот министер за труд Хубертус Хајл изјави дека владата ќе ја спроведе препораката. Германија ја воведе минималната плата на почетокот на 2015 година, а потоа изнесуваше 8,50 евра на час.

error: Content is protected !!