Што се случува со светскиот монетарен систем?

Се јави некој кој што барем го гледа проблемот, гпавниот на централната банка на Кина, но и тој не го разбира комплетно. Бидејќи тоа што го предлага не го решава проблемот.

За сите оние кои што посакуваат пропаст на доларот, и дека сето ова “печатење” од ФЕД (централната банка на САД) ќе делува инфлационо, не разбираат што посакуваат и што проповедаат. Всушност обратното се случува, наместо доларот да биде напуштен, доларот ги напушта. Тој е примарна валута на глобалниот монетарен систем кој што пука по сите шавови. Кина го гледа и разбира тоа, и предлага алтернатива, Special Drawing Rights (SDRs), што е да се рече валута создадена од ММФ. Но, валутата не е само единица мерка, треба некој и да стои позади неа, прашање е на доверба. А тоа барање сигурно ниту може да го исполни ММФ, ниту пак самата валута SDR поради начинот на кој што е дизајнирана.

И друго што покажува дека Кина е пред другите (а не дека е нешто многу напред), е дека не го нуди Јуанот како дополнување за да се решат проблемите со недостатокот на долари. Не само што е свесен дека јуанот не може да го замени доларот, туку ниту сака тоа да се случи. Ја има разбрано грешката што Америка ја направи со тоа што дозволи доларот да биде примарна глобална валута. ЕУР-то е фактички идеја на американците од 1985, за да му конкурира на доларот. Но самиот дизајн на ЕУР-то и неговата реализација, изведени од европјаните, се погрешни.

И ова што го прави ФЕД се обиди да се наполни кофа со многу дупки од чешма која што капи. Од кога глобалниот монетарен систем (чии што основи се поставени во 1944) напукна до степен од кој што нема враќање во 2008, доларот има тренд на растење. И како што е претходно кажувано, многу јакиот долар ќе му стави крај, нема друга валута што може да го замени.

Не е примарно битно што се пари, ниту пак која валута (или валути) би биле глобални. Бидејќи не постои дизајн на монетарен систем кој што повторно не би колабирал под притисокот на марксизмот. Постојаното задолжување на политичарите кои што никогаш не ги враќаат парите, тренд на растење на даноците и другите државни давачки поради нивните социјалистички ветувања за “бесплатни” работи, затворањето на глобалната економија за исполнување на марксистички/зелени желби, прикажување на трошењето на политичарите и администрацијата како дел од економскиот раст. Економијата не е само трошење, туку претходно е потребно создавање и размена, за да се дојде до трошењето. А политичарите го прават само последното, и тоа прилично лукративно. Ниту еден дизајн на систем не може да преживее такви паразити, на кои што уште им е доделено и управувањето со системот.

Се додека преку државата се бараат поголемиот дел од парите што други ги заработиле, резултатот е ист. Сведоци сме како марксизмот пропаѓа на западот.

Јованчо Спироски

*Колумните се лични ставови на авторите и Macedonian Business Hub се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

error: Content is protected !!