Вредноста на златото не расте, туку валутите губат вредност

Златото НЕ расте, туку валутите губат вредност. Уште од претходната криза 2008/2009, заклучно со економските мерки против КОВИД-19, владите ширум светот пуштија во оптек многу хартија во вид на државни пари.

Ваквиот потег на различни места се продаваше под различно име „Квантитативни олеснувања“ беше најчестиот израз во САД, и во времето на Обама, и во времето на Трамп. „Зголемена Ликвидност“ преку Евро-Обврзници беше терминот најчесто користен за печатење на пари во Европа.

Парите беа пуштани дел преку комерцијалните банки во вид на што поатрактивни кредити, при што на одредени места каматата дојде толку ниско, што стана негативна, а штедењето неатрактивно.

Согласно доминантната теорија која се продава по универзитетите, на ваков начин наводно се зголемувала „Аграгатната Потрошувачка“ со што економијата расте, а со тоа и се отвораат и нови работни места, демек се подобрува животниот стаднард, итн. Народски и помалку вулгарно кажано ТАКА се создава потрошувачко општество.

Тоа се скапи заблуди, кои прво даваат преголема моќ на политичарите (на крај тие одлучуваат кој и зошто ќе добие пари) и второ се создава илузија на економски напредок која пропаѓа во нова криза (која веќе се најавува).

Кога печатењето на пари ќе престане, а еднаш мора да престане, бидејки инфлацијата забрзува…кога сето тоа конечно ќе престане, со него ќе умрат и бизнисите кои зависеле од печатење пари, субвенции, државни задолжувања и сите слични политички „помагања“ на „Агрегатната Потрошувачка“. Први паѓаат берзите, по нив следи паника во развиените држави и намалената потрошувачка, а пак тоа дава намалено производство и масовни отпуштања од работа.

Поради овие причини, т.н „Макро-економија“ како економска суб-научна дисциплина, со БДП како централен параметар, и „Аграгантата Поторшувачка“ како цел сама за себе, а не за луѓето…мора да биде напуштена.
Економските вештачки бумови и падови кои ги обаснив погоре, најдобро ги објаснуваат економистите и нобеловци Милтон Фридман и Фридрих Хајек, во нивните дела наменети на „Бизнис Циклусите“ -економска суб-дисциплина спротивна на „Макро-Економијата“. „Бизнис Циклусите“ на Хајек и Фридман НЕ ПОСТОЈАТ во македонските учебници по економија.

Дел од нив, кој е опишан од Хајек јас го презентирав на Правнот Факултет во Битола, во организација на Никола Петровски и Никола Илиевски на што искрено сум им благодарен.

Економскиот напредок, здрав и нормален бизнис циклус, без политички „вратоломии“ во периодот 1814-1914 (значи збориме за искуство, факти, не за претпоставени и посакувани теории) најчесто одел вака:

Каматата е цена на кредитот, и таа мора да има пазарна вредност, а не политичко-планска. За пониска камата (пониска цена на капиталот) мора да има повеќе капитал на пазарот, повеќе штедење. За банката да заработи, а и нејзините штедачи, парите мора да се насочат кон пазарно што поисплатливи проекти.

Што им недостига најмногу на луѓето, што е она што им фали, а чија цена расте? Така не само што се создава сигурна инвестиција и добра заработка, туку и се решаваат најмногу од општествените проблеми на луѓето.

Зголеменото поризводство на добрата кои се скапи. доведува до пад на цените, и со тек на веме тоа производство станува помалку атрактивно. Се појавуваат нови потреби, нови проблеми, а со тоа и нови инвестивии кои се на почетокот скапи, но понатаму конкуренцијата и масовното производство ги прават ефтини.

Значи нормален економски и бизнис циклус почнува со штедењето, а не со трошење на испчатени пари…продолжува со слободно произвоство на она што е потребно на пазарот, а не со субвенции според политички критериум…за да заврши со намалени цени, работни места и зголемен животен станард.
Масовното автоматизирано производство кое носи се поевтини производи не први богати, а не печатење на пари, минимални плати и останати политичко-плански фантазии.

Ние денес живееме подобро затоа што купуваме поевтина облека, електронски апарати, модерни автомобили, подобри лекови, моќни и ефтини телефони, итн.

Цената на златото е доказ дека зголемена количина на пари значи и зголемени цени…ама не и повисок стандард на живеење.

Виктор Трифуновски

*Колумните се лични ставови на авторите и Macedonian Business Hub се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

error: Content is protected !!