Заев најави отпуштање на 20% од јавната администрација

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по завршувањето на денешната конститутивна собраниска седница најави намалување на јавната адмистрација за 20%.

-Идните чинители во новата Влада ќе треба да се подготвени и за сериозна реформа на јавната администрација – зборувам за промена која ќе донесе ефикасно служење на потребите на граѓаните, но и промена со која обемот на администрацијата ќе се намали за 20%. Зборувам за помал број министри и за рационализација на јавните служби, но за поголем број и побрзи услуги за граѓаните.

Конечно, Владата за која ќе разговараме, на првото место од својата европска и граѓанска агенда, ќе ја има новата македонска економија. Главните принципи се: платите да продолжат да растат, да вложуваме во младите и во рамномерниот регионален развој, да водиме посебна грижа за најсиромашните граѓани и да даваме постојана поддршка на домашниот приватен сектор.

Јакнењето на економскиот стандард на сите наши граѓани ќе биде императив на новата Влада, изјави Заев по завршувањето на денешната конститутивна собраниска седница.

error: Content is protected !!