Заев нема да ја распушти Регулаторната комисија за енергетика – поскапувањето на струјата од 7,4% останува

Ниту новото парламентарно мнозинство нема да ја распушти Регулаторната комисија за енергетика, па така поскапувањето на електричната енергија за 7,4% останува на сила. Ова го најави идниот премиер Зоран Заев, чија партија заедно со коалицијата во законодавниот дом имаат 46 пратеници, пишува ТВ 21.

Распуштање на РКЕ беше барањето кое го изнесоа демонстрантите на двата протеста што се организираа во неколку градови. Пред неколку дена, во емисијата „10 Минути“ на ТВ21, организаторот на протестот, Аријанит Џафери побара реакција од 120 народни избраници.

-Граѓаните ги гласаа за да ги застапуваат и за жалење е што малкумина од нив, да не речам никој, не рече макар еден збор околу овој проблем. Тие треба да ги претставуваат граѓаните во Собрание, во медиуми, во секојдневниот живот, секој ден. Овие 120 пратеници треба да излезат и да зборуваат во интерес на граѓаните и веднаш да ја распуштат Регулаторната комисија за енергетика како мафијашка група која ги краде граѓаните и никому не дава отчет, рече Џафери.

error: Content is protected !!