Костовски: Ме исцедија како лимун и ме фрлија на буниште

Сопственикот на ,,Еуростандард Банка“, Трифун Костовски, во текст за порталот Инбокс7, се осврнува на последните случувања и пропаста на неговата банка.

-За Народна банка важи правилото homo homini lupus est, што по нашински или мое гледање би требало да значи, ме исцедија како лимун и ме фрлија на буниште.

Ве уверувам ќе вложам се од себе правдата да ги стигне сите учесници. Јас не сум осветољубив човек – тоа е далеку од мојата природа. Но, правдата мора да биде задоволена. Затоа имаме и примери во историјата – еден од најдоминатните примери за барање на правда е потребата на евреите, односно на Израел, после Втората светска војна, да ги изведе пред суд сите виновници за холокаустот.

Верувајте ми и за мене овој македонски холокауст е нов предизвик, и најотворено, и без никакви ракавици им посакувам на сите мои „имотно добро ситуирани пријатели“ мирен и спокоен живот и да си продолжат со својот сеир. Ниту еден од големите тајкуни во Република Македонија не подигнаа слушалка да прашаат како сум, а тоа говори дека вербата полека, но сигурно се губи во моето сфаќање дека човекот треба да биде човек за човека односно homo homini homo est.

Почитувани, во периодот што следи ќе имате можност преку сите јавни медиуми да бидете запознаени за сите случувања меѓу веќе непостоечката Еуростандард банка и Народна банка на РМ, напиша Костовски за Инбокс7.

error: Content is protected !!