PISP e решението за високите провизии што ги наплаќаат македонските банки

Се актуелизира прашањето со високите провизии што ги наплаќаат нашите банки?

Фино.

Не се решава проблемот со Mарксистички мерки од типот – контрола на цени (на банкарски услуги)

Се решава проблемот со либерализација. Со овозможување влез на нови играчи.

Каде конкретно?

Ѓаволот се крие во деталите.

Во тек е процес на усогласување на законот за платен промет со Европскиот. Процес кој требаше да заврши во 2018 година.

Еден дел внатре е значаен. Овозможување и давање на PISP лиценци.

Што е PISP?

Payment Interface Service Provider. Можноста да и други, небанкарски ентитети понудат услуги во областа на платниот промет.

Што се случува моментално?

Банките се врховни владетели. Едиствени со право на иницирање трансакција во рамките на платниот промет. Но во традиционалното банкарско работење кај нас не можеш да правиш трансфер после 4 попладне, високи провизии и сл.

Значи, банките немаат конкуренција. Затоа си го тераат магарето како што го тераат.

И затоа сеуште плаќаме преку вирмани, преку банкарски шалтери и банкарски интерфејси.

Кога твојата држава дава PISP лиценци, нештата се менуваат. Не мора да бидеш банка за да бидеш давател на услуги во платен промет. Типичен пример за PISP апликација се апликациите за мобилно плаќање. Наместо на банкарска сметка плаќаш на телефонски број. И можеш да го правиш тоа 24/7. PISP апликацијата може да понуди и ниски багателни провизии.

Така се решаваат овие работи. Не државата да ги штити банките и да се прави наудрена – за едни мајка за други маќеа.

Блаже Аризанов

Автор на книгата Белиот трофеј и ко-основач во индискиот милионски стартап Stay Uncle.

*Колумните се лични ставови на авторите и Macedonian Business Hub се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!