780 штедачи во Еуростандард банка со влогови над 30.000 евра почнаа да се самоорганизираат

Штедачите почнаа да се самоорганизираат со цел, како што велат да ги остварат своите права откако на 12 август годинава Народната банка стави клуч на врата на „Еуростандард банка“.

Според Законот за фондот за осигурување на депозити осигурувањето на штедните влогови во банките во случај на нивно пропаѓање е ограничено на 30.000 евра. Сите други пари или пропаѓаат или пак штедачите мора да си ги бараат во стечајна постапка.

„За обештетување на своите средства ние ќе мора да се потпреме на правилноста и функционалноста на нашиот систем и стечајните постапки како такви. Впрочем, функционирањето на истиот тој систем нѐ доведе и до оваа состојба за свои тешко спечалени пари да одлучува некој друг. За да не се губи време додека истите структури- горе наведени, излезат со информации за тоа кој сме тие 780 штедачи, затоа мора да се саморганизираме и превземеме мерки веднаш.“ – велат група на штедачи.

Финансискиот експерт Горан Рафајловски за телевизија 24 објаснува дека сите пари на штедачите над 30.000 евра сега ќе бидат дел од стечајната маса во стечајната постапка што на 14 август годинава беше отворена во скопскиот Граѓански суд.

На кој начин и по кој редослед ќе бидат намирени доверителите во постапката ќе одлучи стечајниот управник на „Еуростандард банка“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!