Секој ден по околу 250 Македонци остануваат без работа од април до август!

Според истражувачкиот проект на Рефлектор а врз основа на податоци од Агенцијата за вработување за помалку од пет месеци од 31 март до 24 август бројот на луѓе што активно бараат работа е зголемен за 36.362 лица.

Ако на 31 март 2020 година 107.732 лица активно барале работа, на 24 август дури 144,094 лица активно барале работа, односно останале без работа.

За само неполни 5 месеци месеци, 36.362 лица повеќе активно бараат работа, или секој ден во овој период во просек по 250 лица останувале без работа.

Предходно Рефлектор во Јуни објави дека во првите два месеци од почетокот на Ковид-19 кризата (април и мај) без работа останале над 12.000 луѓе што значи дека во јуни, јули и август во просек без работа остануваат околу 8000 луѓе.

Вкупната бројка на луѓе кои според Заводот за вработување активно бараат работа во земјава односно се сметаат за невработени е 144,094 заклучно со август.

error: Content is protected !!