Грчки стартап за продавање намирници InstaShop е продаден за 360 милиони долари

Delivery Hero интернационален сервис за достава на храна со седиште во Берлин, го купи грчкиот стартап за достава InstaShop за 360 милиони долари.

InstaShop е платформа преку која корисниците можат да порачаат од храна, препарати за чистење, до цвеќиња. Тие во моментов имаат околу 500.000 корисници и работат во пет држави. Освен Грција, од каде што се нивните основачи, тие се проширија и на Блискиот исток: Обединетите Арапски Емирати, Либан, Египет и Бахреин.

Германскиот стартап Delivery Hero е основан во 2011 година во Берлин, и досега има направено десетина аквизиции. Денес, тие работат во повеќе од 40 земји во Европа, Азија и Јужна Америка, каде се партнери со повеќе од половина милион ресторани.

Компанијата неодамна објави дека има заработка од 167,2 милиони евра во првата половина на 2020 година.

Планот е на InstaShop да остане независен бренд под водство на истите луѓе. Бидејќи тие веќе успеаја да го направат овој стартап профитабилен, а целта е InstaShop да продолжи да се шири на Блискиот исток, но и да најде начин да го примени својот модел на другите пазари.

Бројката од 360 милиони долари е рекорден износ за кој е продаден еден грчки стартап.

error: Content is protected !!