Втор квартал: Пад од 12,7% на БДП, пад на извозот за 32% и пад во преработувачката индустрија од 29,4%

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2020 година е -12.7 %.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се намали за 32.0 %, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 30.2 %.

29,4% е падот во вториот квартал во преработувачката индустрија, додека во секторот Рударство и вадење на камен;Преработувачка индустрија;Снабдување со електрична енергија,гас, пареа и климатизација;Снабдување со вода; отстранување наотпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината падот е 25,2%.

Кај Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и
мотоцикли; Транспорт и складирање;Објекти за сместување и сервисни дејности со храна падот во вториот квартал е 23,4%.

Во второто тримесечје од 2020 година, пораст е забележан во секторите – Земјоделство, шумарство и рибарство од 4.5 %, Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување; Образование; Дејности на здравствена и социјална заштита од 2.2 % и Информации и комуникации од 0.9 %.

error: Content is protected !!