Во малите системски детали се крие ѓаволот, џабе ти е површниот слој на декорација и glitter

“Ама Благојчо, не сакам да почнам да продавам и да ми наметнат закон за кој немам слушнато до сеа.”

Гледаш сега?

Уште не почнал да продава а веќе е засекиран за небулозните закони и даночни системи.

Ова го слушам кај секои 2/3 стартапи со кои зборувам.

Уплашени, преплашени.

И чуму сега фенси-шменси светот на стартап хабови, стартап села, стартап сендвичи? Што фајде од овие убавини, од овие стаклени ѕвона?

Во малите системски детали се крие ѓаволот, џабе ти е површниот слој на декорација и glitter.

Член 29 од Законот за Трговски друштва е променет, за прв пат кај нас дозволен е конвертибилниот заем како форма на финансирање на стартап компании.

Аирлија.

Следно да притискаме за промена на законот за Инвестициони друштва.

Па после тоа и Законот за Платежни услуги.

Прочистување на системот на институционализирани привилегии е она што ни треба, за да можат да влезат мали и жедни иноватори.

А не залажувалки и лижавчиња.

Блаже Аризанов

Автор на книгата Белиот трофеј и ко-основач во индискиот милионски стартап Stay Uncle.

*Колумните се лични ставови на авторите и Macedonian Business Hub се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

error: Content is protected !!